Почетна » Дива » Патувања » Воените тврдини ќе станат луксузни одморалишта

Воените тврдини ќе станат луксузни одморалишта

Патувања

Огромните метални кули Маунсел покрај брегот на Кент треба да бидат претворени во мулти-милионерски луксузни резорти.

Овие потсетници на минатото биле направени на речното устие на Темза во 1943 година, за време на Втората светска војна за да и помогнат на Велика Британија да се одбрани од германската морнарица и авијација.

MaunselGunTowers

Предлогот е оружарниците кои се наоѓаат на 10 километри од брегот на Витстабл, во Кент, да бидат претворени во отмени одморалишта со впечатливи приватни апартмани, но и хотел и спа центар.

Бидејќи до комплексот ќе може да се стигне само со катамаран или хеликоптер, тој се споредува со карипското прибежиште на сопственикот на „Вирџин“ Ричард Бренсон, кое е омилено меѓу богатите и познатите.

MaunselHotel