Почетна » Дива » Кариера » Во битка со големата мечка наречена „организација на настан“

Во битка со големата мечка наречена „организација на настан“

Кариера

Организацијата на настан од отворен карактер, меѓу кои се и спортските и културните случувања, наликува на непредвидлива борба со голема кафена мечка. Зошто е тоа така? Целата непредвидливост може да му се препише на општествово во кое живееме, бидејќи најчесто никогаш не се знае следната препрека, од каде би можела да се појави, или кога.

Меѓутоа искусниот организатор е свесен дека е потребно да поседува низа од најразлични, па некогаш и дијаметрално спротивни вештини, со цел да ја помине нацрт фазата на настанот и да почне со самата организација. Како клучни вештини кои треба да се издвојат би биле: кризен менаџмент, проектно планирање, носење (вистински) одлуки во критични рокови, екипирање со вистински луѓе за вистинската работа, мотиватор и водач како и уште многу други. Организаторот и покрај сите вештини кои ги поседува, се до денот на настанот не може да биде сигурен дека сѐ ќе тече според планот. Често за организацијата на настани се вели дека е жива материја, па самиот организаторот нужно мора да биде подготвен за исклучителна проактивност и брза реакција при ново настанати ситуации, кои доведуваат до непредвидени промени.

Бидејќи настанот побарува голема работна сила, во сооднос на големината на самиот настан потребен е и соодветно голем тим. Клучен елемент кај тимското организирање на настани е хиерархијата на улоги но уште поважен елемент е комуникацијата. Добрата и соодветна комуникација решава многу проблеми уште пред тие да се појават. Во многу ситуации поискусните луѓе од оваа индустрија можат да се потпрат на минатиот труд, но сепак свесноста за самите предизвици одамна се прима како учење од високо-образовните установи.

Авторот на текстот, е дипломант на студиите по оперативен менаџмент на Бизнис академијата Смилевски – БАС во Скопје, кој голем дел од гореспоменатите вештини и компетенции ги стекна за време на неговата академска наобразба на студиите по менаџмент. Она што може да го издвои од особена важност за организирањето настани е самиот предмет кој го носи истото име, кој е дел од додипломските студии на БАС. Впрочем, БАС им нуди на сите кои се заинтересирани за кариера како спортски менаџери, посебна студиска програма наменета токму за исполнување на таквите амбиции. За организаторот може уште да се сподели дека во последните 10 години има организирано поголем број културни и спортски настани, како што е традиционалниот академски полумаратон „Трчаме Кон Целта“ кој се одржува секоја година на кејот на Вардар во месецот април.

Иван Ѓорѓиевски
Проектен менаџер
НВО Интегритет АО