Почетна » Семејство » Свадба » Внимавајте што јадете пред венчавката

Внимавајте што јадете пред венчавката

Свадба

Дојде денот пред венчавката, а вие не знаете што да поткаснете? Гладни сте, вознемирени, и не сакате да погрешите?

Доколку не сакате да имате никакви проблеми со оглед на тоа што невестинскиот фустан е тежок за манипулација, следете ги следниве совети:

Газираните безалкохолни пијалаци

Со нив ќе се чувствувате подуено, а и на подждригнувањето ќе му нема крај.

Скроб

Тој исто така се поврзува со гасови во организмот и подуеност. Не внесувајте ориз, тестенини или компири, а истото дејство може да го има и лебот и пченката.

Кофеин

На денот на венчавката најдобро е да конзумирате вода, избегнувајте ги кафето, безалкохолните пијалаци, енергетските чоколатца или други производи кои содржат кофеин. Кофеинот ја намалува количината на вода во организмот и така можете да дехидрирате за време на церемонијата.

Зачинета храна

Зачините предизвикуваат голем број непогодности во телото кога се конзумираат или потоа во дигестивниот систем. Тие го загреваат телото, можат да го надразнат желудникот, а и лошиот здив не е исклучок.

Млеко и млечни производи

Ограничете ја количината на лактоза која ќе ја внесите во организмот на вашиот посебен ден. Во мали количини не би претставувале проблем, но и тие можат да го надразнат или вознемират желудникот.