Почетна » Рецепти » Посна храна » Вкусна посна бајадера со кикирики

Вкусна посна бајадера со кикирики

Посна храна

За да не сонувате „Сникерс“ кога постите, направете си од оваа бајадера со кикирики, ќе имате доволно за да се облажите по малку секој ден, па ем ќе бидете сити, ем овците ќе ви бидат на број.

Потребни состојки:
1 кг шеќер
300 гр маргарин
300 гр печени и мелени кикирики
500 грама мелени посни бисквити
200 грама чоколадо за готвење
30 лажици вода

Растопете го шеќерот со 30 лажици вода, па додајте 250 гр маргарин, кикириките и бисквитите и се добро измешајте. Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете 100 грама стопена чоколада, а другиот оставете го каков што е. Во тава подмачкана со маргарин или обложена со фолија се става прво потемниот дел, се измазнува, па потоа се става посветлиот фил и на крај се прелева со чоколадна глазура. За глазурата се потребни 50 грама маргарин истопен со 100 грама чоколада, но внимавајте да не ви зоврие. Глазурата прелијте ја врз бајадерата и оставете ја да се стврдне во фрижидер.