Почетна » Марс » Подароци за него » Виски за пребирливи сладокусци

Виски за пребирливи сладокусци

Подароци за него

Непишано правило е некои од среќните моменти во нашите животи да ги прославиме со „добра капка“, но понекогаш едноставно од големата понуда и не знаеме што точно да избереме.

Зависно од приликата, може да се избере алкохол кој повеќе одговара за една или друга намена, но доколку подготвувате изненадување, тогаш можете да се потпрете на нашиот совет. Доволно е само да напоменеме дека би требало да знаете само дали вашата посилна половина го сака вискито како пијалок, па ако тоа е случај, следен чекор кон вистинскиот избор би бил да најдете бренд кој можеби е на листата на омилените. Нашиот совет е да изберете таканаречен „single malt“, односно тип на виски кој се прави од една единствена смеса, бидејќи тие се поценети од мешаните (blend). Според традиционалните шкотски правила, ваквото виски се подготвува од една сорта изртен јачмен, а се дестилира само во една фабрика. Токму ваквите насоки, покрај принципот вискито да одлежи најмалку три години во дабови буриња не поголеми од 700 литри, го прават шкотското виски поценето од останатите кои немаат слични, јавно објавени стандарди.

На македонскиот пазар, еден од најпознатите „single malt“ брендови е Карду, а се продава во пакување од 0,7 литри, по цена од околу 1.900 денари. Доколку имате можност истражете и други слични пијалоци, а веруваме дека ефектот што ќе го постигнете ќе биде безмалку идентичен, доколку ги запазите претходните забелешки. Уживајте во прославата, пијте одговорно, и се разбира, немојте да возите потоа!