Почетна » Семејство » Свадба » Вирално видео: Маорскиот „хака“ танц изведен на свадба!

Вирално видео: Маорскиот „хака“ танц изведен на свадба!

Свадба

На спортските терени сме навикнале да ги гледаме репрезентативците на Нов Зеланд како го изведуваат маорскиот „хака“ танц, кој е дел од нивната воинствена историја, но овој пат настанот се случува на свадбата на Бенџамин Армстронг и неговата избраничка Алаја.

Танцот е изведен по говорот на кумот, а двојката била информирана дека вакво нешто се планира.

– Знаевме дека ќе играат „хака“, но не знаевме дека ќе биде на тоа ниво. Ја сакам мојата маорска страна, но овој пат гледањето на танцот беше поинакво, знаејќи дека го изведуваат за мене и мојот сопруг. Се чувствував благословена што бев дел од ова,- изјавила невестата за „CNN“.

Од постирањето на „Facebook“ на 21 јануари за еден ден ова видео забележално 30 милиони гледања!