Почетна » Џет сет » Филм ТВ » Зошто Вил Смит нема да игра во „Ден на независноста 2“

Зошто Вил Смит нема да игра во „Ден на независноста 2“

Филм ТВ

Поминаа веќе 20 години откако Вил Смит, Бил Пулман, Џеф Голдблум ја спасија планетата Земја од вонземјани во „Ден на независноста“, еден од најголемите филмски хитови на сите времиња.

Не е ни чудо што сите се заинтересирани за новото продолжение, кое режисерот Роналд Емерих треба да го заврши ова лето, а трејлерот веќе излезе викендов.

Goldblum

Вонземјаните повторно ќе нападнат, а американскиот претседател Томас Џеј Витмор (Пулман), кој има кошмари со вонземјани и генијалецот Дејвид Левинсон (Голдблум) кој повторно е изваден од памет за иднината, уште еднаш се дел од екипата.

BillPulman

Можеби на Вил Смит му е преку глава од тепање вонземјани, па има поамбициозни планови. Во интервјуто за утринската програма на „Си-Би-Ес“ тој вели дека му е смачено на вестите да слуша луди работи за „ѕидови“ и „Муслимани“, (со што алудира веројатно на претседателскиот кандидат Доналд Трамп) па тоа можеби ќе го предизвика да влезе во политичката арена.  „А за што друго би се кандидирал, ако не за претседател“, вели Смит.