Почетна » Дива » Настани » „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во знак на Боуви

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ во знак на Боуви

Настани

Овoј мултимедијален настан кој се одржува по деветти пат, годинава ќе биде под име „Скопје за Боуви“, во чест на светската музичката легенда Дејвид Боуви, кој почина во јануари годинава.  Традиционално, „Види музика, слушни слика, добиј книга“ се случува во Градскиот парк, во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот центар, а овојпат тоа ќе биде во четврток, на 23 јуни.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, ќе ги изведе најголемите хитови на Боуви, а своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска.

На фановите на Боуви кои ќе дојдат во парк, ќе им бидат поделени 20.000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“, објавена на почетокот од 2016 година од неговата поранешна љубовница Мери Финиган, која во прво лице зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви.