Почетна » Семејство » Бременост » Видео анимација: Од јајце клетка до бебе!

Видео анимација: Од јајце клетка до бебе!

Бременост

Филмските продуценти од Холивуд ги имаат истенчено нашите чувства за добри видео содржини, иако често и тие се потпираат на компјутерските анимации. Сепак, ова видео насловено како „Чудото на животот“ може слободно да се оцени како првокласно и препорачливо за сите идни родители, или изучувачи на биологијата. Во него е графички опишано настанувањето на плодот во утробата на мајката, со постепено формирање на телото, органите и гените, се до чинот на породување.

Анимацијата е дело на Силвио Фалкинели (Rendering3D), додека потписници на музиката се Ханс Цимер и Лиза Џерард.