Почетна » Дива » Патувања » Верона: Град создаден за љубов

Верона: Град создаден за љубов

Патувања

Заменете го излежувањето на плажа со активен одмор во град. Италија е земја на сите бои, вкусови и мириси. Ако Верона ја посетите со другарки или се шетате сами, комплиментите од мештаните нема да изостанат. Верона е град како од бајка и втор по значење во Италија после Венеција. Градот е создаден за љубов.

Не пропуштајте…

Арената која е сместена на Бра (Piazza Bra). Некогаш таму се одвивале борби, а тлото било песочно, на кое капела крвта од гладијаторите и животните.

Ќе ве воодушеви…

Величествениот римски мост наречен „Мост од камења“ (Ponte di Pietra) и црквата Сан Ѕено Маџоре во која се наоѓаат реликвиите од првиот бискуп на Верона и други светци од италијанскиот крај Пипина.

Најинтересна е…

Куќата на Јулија Капулети коjа туристите ги потсеќа на романтичната љубов што Шекспир ја опишал во својата книга. Во дворот на куќата се наоѓа статуа од Јулија.

julija_capuleti

Мора да ја пробате…

Вистинската италијанска пица. Тестото е совршено тенко, а просечен Италијанец нема никогаш да ве сфати ако сакате да додадете кечап. Тие користат само доматен сос.

Што треба да знаете…

Услугата на келнерите се плаќа, а цената се наоѓа на сметката. Цената за услугата на келнерот изнесува најчесто едно или две евра, но се менува.