Почетна » Рецепти » Празнична софра » Велигденски кифлички со салата

Велигденски кифлички со салата

Празнична софра

Овој рецепт ќе ви послужи како идеjа за кретивно декорирање на велигденската софра. Суштината на рецептот е како да направите велигденски кифлички во форма на мали морковчиња полнети со салата.

Најчесто, се користи салата од варени јајца, но истата може да се замени со било која друга што вам ви е омилена.
Потребни состојки:
готово (лиснато) или домашно замесено тесто
1 јајце
жолта и црвена боја за храна
салата по ваш вкус
неколку гранчиња свеж копар или магдонос
Дополнителни алатки:
Нож за пица (или обичен)
Метални калапи во вид на конус
Четка за мачкање
Исечете го тестото на еднакви ленти

testo

Секоја лента се премачкува со изматено јајце и потоа се витка во ролна

Rolling_Pillsbury_Crescent_Creations_Seamless_Dough_Sheets

Така спремените ролнички се виткаат околу калапите и се премачкуваат со боја

testo_i_kalap

testo_i_boja

Доколку не сакате да користите боја, можете да ги премачкате само со изматено јајце и ќе добиете природно румени кифлички

Easter_recipe_golden_brown_pastry_carrots

Откако ќе се испечат, извадете ги од калапчињата и наполнете ги со салата. На крајот, ставете неколку гранчиња копар или магдонос.

testo-morkov