Почетна » Љубов » Секс » Вашата омилена боја кажува за вашиот однос кон сексот

Вашата омилена боја кажува за вашиот однос кон сексот

Секс

Следниот тест е еден од оние кои се лесно достапни на интернет мрежата, а можете да го најдете во разни верзии кои се повикуваат на психологијата и нејзиното толкување на боите како прозорец за набљудување на карактерните особини на луѓето.

Достапни се повеќе бои, но во овој тест треба да одберете една меѓу следниве: кафена, црвена, жолта, црна, сина, бела, сива, розева, зелена, виолетова и портокалова. Има одговор за секоја од нив, вклучувајќи го и одговорот дека немате омилена боја. Одберете една омилена опција и побарајте го толкувањето за неа во следниот текст.

Кафена

Луѓето чија омилена боја е кафената за неговите партнери се вистинско „богатство“. Нивните чувства се интензивни, тие се топли и мошне емотивни, чувствителни за потребите на другите. Бидејќи се многу сензуални, во секое време се подготвени за секс – речиси секогаш се подготвени и расположени. Никогаш не можете доволно пати да им кажете „те сакам“. Романтичните сцени како прегратката пред камин, прошетка на дождливо време или правењето снешко, претставуваат емоционална храна за љубителите на кафената боја. Единственото нешто што им е важно во сексот е да имаат доволно време и приватност за да им се препуштат на страстите. Сепак, мора да внимавате на она што го зборувате пред нив, бидејќи тие се во состојба да стават крај на врската ако не се однесувате со почит кон нив.

Црвена

Луѓето кои ја сакаат црвената боја како по правило се мошне страсни во креветот. Многу лесно се возбудуваат и сакаат да уживаат на сите можни начини. Тоа вклучува и многу експериментирање, како и недостаток на табуа. Ако се возбудат, потребно се часови за да „оладат“. Ако пак се случи врска меѓу двајца љубители на црвена, би можело да дојде до огномет што би ги засрамил дури и најголемите љубители на еротика. Овој тип луѓе често иницира секс и најчесто ја претставува доминантна страна во врската.

Жолта

Ако вие или вашиот партнер сте љубител на жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е мошне сложено, па лесно се прилагодува на моменталната состојба и чувства. Иако се страсни, најчесто се во улога на оние кои им угодуваат на партнерите и повеќе се пасивна страна. Тие имаат голем сексуален потенцијал, но ретко се ослободуваат до тоа ниво, за да го покажат на другата страна.

Црна

Оние кои ќе се одлучат за оваа боја, најчесто го прават тоа по инерција, односно не сакаат да размислуваат премногу за поставеното прашање. Покрај тоа, имаат променливо расположение и најдобро работат под притисок. Бидејќи црната боја не се поврзува со либидото, обидете се да најдете друга омилена боја, како би дешифрирале какви сте во сексот.

Сина

Љубовниците кои ја сакаат сината боја се одлични сексуални партнери. Обрнуваат внимание на желбите и потребите на другата страна, а водењето на љубов го сметаат за уметност. Суптилни се, но не се вулгарни. Жените кои ја сакаат сината целосно и без двоумење се препуштаат на задоволството од сексот, а и тие, но и мажите, важат за големи љубители на предиграта, без која не можат да замислат добар секс. Во бракот се добри партнери, бидејќи се лојални и верни.

Бела

За љубителите на оваа боја, сексот често претставува „табу“ и нешто за што не може да се зборува во јавноста. Тие водат љубов во темница, немаат голема самодоверба и генерално се доста нефлексибилни и традиционални. Жените кои ја сакаат оваа боја, најмногу би сакале да водат љубов облечени, додека луѓето мажите нема ни да помислат на секс ако не се туширале претходно.

Сива

Оние луѓе што ја сакаат сивата боја може да се опишат како неопределени. Дури и изборот на боја зборува за нивната неодлучност, бидејќи ја доживуваат сивата како боја која не е премногу експресивна. Не уживаат премногу во сексот бидејќи го доживуваат како „задача“. Најдобра врска имаат со другите љубители на сивата боја, бидејќи тогаш нивните потреби се ускладени.

Розова

Љубителите на оваа боја често одбиваат да пораснат во многу области, вклучувајќи ги и сексуалните. Жените кои сакаат розова боја многу сакаат да флертуваат, додека машките се вистински „Казанова“. Тие имаат либидо како тинејџер, а сексот го доживуваат како чисто физичка потреба, многу ретко како водење љубов.

Зелена

Заљубените во зелената боја делуваат свежо и невино во нивниот пристап кон сексот. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но тоа делува шармантно и слатко. „Зелените љубовници“ се нежни, но не и навистина страсни. Ако го изберете за ваш партнер, никогаш не ќе мора да се грижите за тоа дали ќе биде неверен.

Виолетова

Љубителите на оваа боја често се сметаат за премногу софистицирани за да се тркалаат на креветот. Жените кои ја сакаат оваа боја не можат да поднесат неуредна фризура, додека мажите му приоѓаат на сексот како на работа. Често повеќе се сконцентрирани на сопственото задоволство отколку на задоволството на партнерот.

Портокалова

Симпатизерите на оваа боја се многу креативни и се истакнуваат според бројот на сексуални фантазии што ги имаат. Сексот го доживуваат како филмска сцена, во која тие играат водечка улога. Мажите кои ја сакаат оваа боја ќе ја повлекуваат партнерката за коса, додека жената задолжително ќе остави траги од нокти на грбот од партнерот.

Ниту една од понудените бои

Ако тврдите дека немате омилена боја, погледнете со кои бои сте опкружени или каква боја вашата облека. Сега вратете се на почетокот и изберете боја која најмногу ја има околу вас и на вас.