Почетна » Сештоманија » Феномени » Дали сме на пат кон откривање на вечен живот?

Дали сме на пат кон откривање на вечен живот?

Феномени

Според истражувачите во „Хумаи“, компанија која работи на човечката интеракција со вештачка интелигенција, може да се случи наскоро луѓето да се враќаат од мртвите. Тие предлагаат човечкиот мозок да се замрзне и чува, а потоа да се пресади во роботски ексоскелет. Проектот наречен „Атом и Ева“ има за цел да ја сочува човечката свест и да го елиминира стравот од смртта.

„Стилот на разговор, начинот на однесување, процесот на мислење и информации за тоа како функционира телото одвнатре“ ќе се чуваат на силиконски чип, велат научниците од „Хумаи“.

Новата технологија се развива на три различни полиња: бионика, нанотехнологија и вештачка интелигенција (АИ). Компанијата смета дека со напредок на овие индустрии може да се постигне успешен пренос на човековата свест на струкура од вештачка интелигенција. Не грижете се ако умрете пред да биде толку напредната технологијата, зашто можете уште денес да се регистрирате на humaitech.com за вашето тело да биде сочувано и вратено во живот кога тоа ќе биде возможно.

Моментално нема предвидувања колку ќе чини да се врати некој од мртвите, но во „Хумаи“ знаат дека тоа нема да биде лесно. Од многуте проблеми кои компанијата треба да ги надмине, најголем се чини дека е проблемот што досега никогаш не е постигнато да се одмрзне мозокот од крионична состојба со неговиот целосен капацитет. А пред да почнете да си замислувате и каков ќе ви биде животот во тело на робот, да напомнеме и дека досега немало ни успешна трансплантација на мозок.

И сочувувањето на човековата свест можеби никогаш нема да биде нешто што е можно, но тоа не ги спречува истражувачите во нивните обиди да се победи смртта.