Почетна » Семејство » Деца » Трикови за вашите деца да го засакаат овошјето

Трикови за вашите деца да го засакаат овошјето

Деца
Измислувањето начини како да ги натерате вашите деца да се хранат здраво и да го прифатат овошјето, понекогаш исцрпува и создава дополнителни проблеми.
Неколку трикови можат да бидат од помош како тоа да го сторите на забавен начин и вашите деца да уживаат во храната.
1. Овошни раженчиња. Шаренилото од овошје на стапчето за раженче ќе го привлече потребното внимание кај децата.
ovosni_raznici
2. Овошен пунч. Се разбира, со исклучок на алкохол. Децата обожаваат да прават нешто што го прават повозрасните, а ова е одличен начин како да испијат повеќе видови на изблендирано овошје.
ovosen_punc
3. Колач со многу овошје. Децата уживаат во слатките десерти, па дури и во оние кои се припремени со многу овошје. Во овој случај може да биде вметнатно како свежо, така и суво овошје.
ovosen_kolac