Почетна » Семејство » Дом » Трикови за отстранување на дамки од облеката

Трикови за отстранување на дамки од облеката

Дом

Кога ќе имаме некоја незгода и случајно ќе го извалкаме нашето омилено парче облека, најчесто почнуваме да паничиме. Меѓутоа во таков случај најдобро е брзо да се дејствува за да ги отстраните тврдокорните дамки.

Врз извалканиот дел на ткаенината најбрзо што можете ставете сол и минерална вода, а подоцна исперете го.

Наместо сол од голема помош ќе ви биде и детска пудра која треба да се остави така неколку часа пред да ја исперете ткаенината. Делотворно е и средството за миење садови.

Во случај дамките да се тврдокорни, обидете се да ги отстраните со сода бикарбона. Доколку дамката е од кафе, веднаш тој дел исчистете го со мешавина од жолчки и глицерин, па потоа исперете ја ткаенината во млака вода. Исто така и млекото е одличен начин за отстранување на дамки од кафе. Прелијте ја дамката со ладно млеко, а потоа исперете ја во вода во која претходно ќе ставите детергент.

Ако станува збор за гума за џвакање залепена на вашите омилени фармерки, тогаш можете да ја отстраните со малку памук натопен со ацетон. Ќе треба добро да протриете, но нема да остане ни трага од неа.

Добро познат начин на отстранувње на восок е со пегла и весник врз капките на ткаенината.