Почетна » Дива » Кариера » Морална дилема или трик прашање на интервју за работа

Морална дилема или трик прашање на интервју за работа

Кариера

При секое интервју за работа сигурно внимавате како ќе се облечете, како ќе се однесувате, имате трема што ќе кажете, дали ќе ги исполните очекувањата на работодавачот, дали другите кандидати ќе бидат поквалификувани, помлади или едноставно поснаодливи од вас. Едно е сигурно, кога ќе го прочитате ова, ќе знаете дека сепак треба едноставно да бидете инвентивни и да верувате во себе. Ова прашање било поставено како морална/етичка дилема во апликацијата за работа.

Возите со автомобил ноќе, во невреме. Поминувате покрај автобуска станица, и гледате тројца луѓе кои чекаат автобус:

  1. Стара жена која изгледа како да ќе умре.
  2. Стар пријател кој некогаш ви го спасил животот.
  3. Совршениот маж (или) жена за кој (а) сте сонувале.

На кого ќе му понудите да го земете со себе, знаејќи дека може да земете само еден патник во автомобилот?

Размислете добро пред да продолжите да читате.

Кандидатот кој бил примен на работа (од 200 луѓе кои аплицирале) без проблем го дал овој одговор: „Би му ги дал клучевите од колата на мојот пријател за да ја однесе старицата во болница, а јас би останал со жената на мојот живот да чекам автобус.“