Почетна » Љубов » Раскинувањe » Три совети за прва помош при раскинување

Три совети за прва помош при раскинување

Раскинувањe

Водечката американска организација МХА (Mental Health America), повикувајќи се на своето долгогодишно искуство во советување при надминување на различни состојби, препорачува три совети како прва помош во случаи на разделба или развод.

Иако звучи познато дека е потребно да помине време и дека е потребно рамо за плачење, посветете повеќе внимание на објаснувањата за ја доловите суштината на препораките.

1. Мора да се признае дека е океј да се имаат различни чувства
Нормално е да се чувства тага, бес, изнемоштеност, фрустрираност, збунетост, и тоа во мошне високи дози. Нервозата околу иднината е секогаш присутна. Дури и да сте биле во брак, и тој да не одел добро, соочувањето со иднината е секогаш застрашувачко. Сепак, чувставата треба да се почитуваат, дури и во случаи кога едната страна повеќе пати поради тоа. Но, сето тоа олабавува со изминување на времето.

2. Дајте си пауза
Дозволете си на себе да чувствувате и да функционирате на пониско ниво од оптималното за извесен период на време. Можеби нема да бидете продуктивни на работа, или нема да се грижите за другите на начин како штосте се грижеле до скоро, но никој не е Супермен (или Супервомен, по редот на нештата). Потребно е време да се излечат раните, да се регрупираат плановите и да се наполнат батериите.

3. Немојте да бидете сами
Во период на преболување на некоја разделба, споделувањето на чувствата со пријателите и семејството може да биде од помош. Тоа може да биде замена за она што одамна постои во другите земји, во форма на групи за поддршка каде што се обединуваат луѓето кои се во слични ситуации. Не е препорачливо да се изолирате бидејќи тоа ќе го зголеми стресот и ќе ја намали вашата концентрација. Можете да имате сериозни реперкусии врз квалитетот на извршување на работните задачи, или во поекстремни ситуации да си ја влошите здравствената состојба. Едноставно, не треба да се стеснувате да побарате помош кога ви е потребна, личност која што ви е блиска ќе биде среќна да ви помогне да ги надминете тешките моменти.