Почетна » Дива » Патувања » Три совети за опасностите кои демнат во хотелите

Три совети за опасностите кои демнат во хотелите

Патувања

Со доаѓањето на летото започнува шпицот на сезоната во туризмот, време кога сите посакуваме да отпатуваме на некоја дестинација видена во филмовите или чуена од нашите познаници.

Секој според можностите ќе избере хотел или приватно сместување, но и покрај најдобрите намери на домаќините постојат три правила кои им се препорачуваат на сите туристи, во најмала рака од предострожност.

1. Не одете боси!

Собите во хотелите или во пансионите за издавање најчесто се обложени со долговечни теписони, кои и покрај темелното чистење остануваат „контаминирани“ од сето она што е внесено со чевлите. Нечистотии, бактерии и вируси може да има на површината, поради што не се препорачува да одите боси. Можеби е за нијанса „полабаво“ онаму каде што има лакиран паркет или плочки, но кога сте во странство, не дозволувајте да си го компромитирате патување со сопствени невнимателности.

2. Дезинфицирајте ги контаминираните предмети

Собарките можеби се ревносни во извршувањето на своите обврски, можеби секој ден ги менуваат чаршавите или бришат прав, но прашање е колку внимание им посветуваат на најконтаминираните предмети во просторот: далечинскиот управувач, телефонската слушалка и кваките на вратите. Со сигурност тоа се најнечистите предмети во секоја соба од аспект на тоа кој се имал допир и со колку чисти раце. Олеснете си го својот престој со тоа што секогаш ќе ги „дезинфицирате“ спорните нешта со влажни марамчиња кои имаат анти-бактериско својство или содржат алкохол.

3. Уверете се дека „нема ништо“ под чаршавите

Вистина е дека постелнината се менува, но спорно е како се одржува хигиената на самите креветски душеци. Ваше е само да го поткренете чаршавот и со еден поглед да востановите дали има ситни „точки“ кои се мрдаат/движат. Ако имате можност, заинтересирајте се како персоналот ја води хигиената, бидејќи оние кои се научени дома да ги вшмукуваат душеците со своите „рејнбоу“ машини, одеднаш може да се најдат во сосема поинаква средина каде што освен грини, може да се сретнат и болви или тавтабити.