Почетна » Дива » Кариера » Три брачни правила за успех во кариерата

Три брачни правила за успех во кариерата

Кариера

Меѓусебната заинтересираност за кариерата на партнерот, поддршката во плановите и остварените цели, подготвеноста на флексибилност во промените се клучни за добра кариера.

Овие тврдења се темелат на истражувања, а првенствено се базираат на фактот дека успехот во работата е поврзан со потребната поддршка од партнерот.

Како што крај на бракот може да дојде поради несогласувања околу финансиите, исто така дали партнерот ве поддржува или не, може да влијае на вашата кариера. За двајцата да имате кариера каква што посакувате, потребно е разбирање, поддршка и здрав љубовен однос. За да го постигнете сето тоа, на почеток треба да разговарате за важни теми. Разграничете што ви е најважно. Што се стремите да постигнете во кариерата? Од што не би се одрекле во никоја ситуација иако тоа би значело жртвување на други работи. Одредете што ви е важно сега, дали тоа е напредување во работата, дете, поздрав живот или преселување. Така ќе ги создадете приоритетите на кои двајцата ќе работите.

Бидете секогаш во тек со работите.

Со заинтересираност за вашите кариери ќе си давате заедничка поддршка. Секој ден разговарајте за случки на работа и постојано интересирајте се. Не заборавајте дека тоа што најпрво ве привлекло кај него е тоа што сте сметале дека е интересен. Барајте од партнерот совет доколку имате проблем, па и вие посоветувајте го него кога ќе има некоја дилема или потешкотија во работата.

Станете супер тим!

Доколку успеете заеднички да ги одредите приоритетите, многу лесно ќе можете да станете добар тим. Важно е кариерата на ниту еден од партнерите да не биде жртвувана поради таа на другиот. Паровите кои работат тимски, се обидуваат да најдат начин да ја завршат работата, а сепак да имаат време да му помогнат на другиот.

Не правете драма поради промените.

Промените се секогаш можни, па треба да бидете подготвени за нив. Може да стане збор за нови проекти или кратки патувања од време на време. Не постојат упатства како да ги решите новосоздадените ситуации. Сите промени, добри или лоши, треба да се прифатат какви што се. Во такви ситуации на партнерот ќе му биде потребна поддршка.

Паровите кои оставаат простор за промени, разговор и меѓусебно разбирање и договор, ќе функционираат како одличен тим и ќе можат да се справат со сите промени што ќе им ги донесе животот.