Почетна » Нега » Фитнес » Трчање во место, идеален начин за рекреација

Трчање во место, идеален начин за рекреација

Фитнес

Кардиоваскуларните вежби се еден вид вежби кои ја забрзуваат работата на срцето, го забрзуваат дишењето и го поттикнуваат потењето. Трчањето во место ги исполнува истите услови како секоја кардиоваскуларна вежба.

Експертите тврдат дека трчањето во место, кое можете да го правите и во вашиот дом, е најдобар избор за луѓе кои немаат во своја близина паркови или место каде можат да се рекреираат. Доколку не можете да си дозволите месечно членство во теретана или купување на трака за трчање, тогаш ваквиот вид на вежбање е само за вас.

Техника

Облечете патики и застанете на помека подлога. Започнете да трчате во место, а ако ги кревате рацете ќе согорите повеќе калории. Исто така можете да се обидете да ги кревате колената највисоко што можете и да го забрзате темпото.

Согорување на калории

Иако ваквиот начин на рекреација се разликува од обичното трчање, сепак дава приближно исти резултати. Всушност, за еден час трчање во место (5км/ч) се согоруваат околу 563 калории.

Предност

Освен согорувањето на калориите, со ваквото трчање има неколку работи кои се во полза. На пример можете да трчате во кое било време од денот. Вака ќе го обликувате телото и ќе слабеете, а најзабележливи резултати од вежбањето ќе има во деловите на нозете, колковите и задникот.