Почетна » Сештоманија » Феномени » „Титаник 2“ ќе заплови во 2018 година

„Титаник 2“ ќе заплови во 2018 година

Феномени

Идентична реплика на бродот „Титаник“, финансирана од австралискиот милијардер Клајв Палмер веќе е во изградба од страна на бродската компанија „Блу Стар Лајн“.

„Титаник 2“ ќе ги има сите луксузи на оригиналниот брод, и ќе биде речиси ист во дизајн, со неколку современи додатоци.  Инаку, нема потреба да се грижите за тонење, како што гледате од сликата горе, ќе има доволно чамци за спасување за секој патник.

Cafe_Parisien

На бродот нема да го има она што се смета за луксуз во модерното општество, како ТВ или Интернет, па гостите ќе можат да уживаат во многу потребното одвојување од тие нивни уреди и од медиумите. Но конструкцијата на самиот брод е со најсовремени стандарди, значи под историската фасада, тоа ќе биде брод со најнапредна технологија.

Bridge_Wheel_House
За разлика од оригиналниот брод, првото патување на „Титаник 2“ ќе биде од Џијанцу, Кина до Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Се уште нема најави за тоа колку ќе чини патувањето со овој брод, но картите сигурно ќе бидат брзо распродадени ако се земе предвид уникатноста на ова искуство. Стравот, пак, дека „Титаник 2“ може да ја доживее судбината на својот претходник само ќе ги зголеми цените за шансата да се биде дел од историско патување.

3rd_Class_Cabin

Во секој случај, ако сакате да искусите како било да живеете во 1912 година, додека чекате да заплови „Титаник 2“, можете да одите на виртуелна турнеја низ бродот на веб-страницата http://titanic-ii.com/.