Почетна » Нега » Природна храна » Тиква за добар вид, слабеење и против рак

Тиква за добар вид, слабеење и против рак

Природна храна

Доаѓа сезоната на ова чудо на природата, па бидете подготвени да го вклучите во секојдневната исхрана зашто неговите придобивки за вашето здравје навистина се многубројни, без оглед дали ќе решите да јадете варена, печена тиква или нејзините семки.

Една шолја варена, пасирана тиква содржи повеќе од 200 насто од препорачаната дневна доза на витамин А, кој му помага на видот, особено во самрак, тврдат од националните инситутити за здравје, а дополнително го содржат познатиот бета каротен кој им ја дава портокаловата боја и исто така е корисен за нашите очи.

Тиквите се честопати занемарени како извор на влакна, но бидејќи има 3 грама влакна а само 49 калории во една шолја тиква, тие ви помагаат да се чувствувате сити подолго време.

Семките од тиквата, како и другото јаткасто овошје, се природно богати со одредени хемиски состојки кои ги има во растенијата, наречени фитостероли, кои според научните студии го намалуваат лошиот холестерол.

Како и нивните другари во иста боја, слаткиот компир и морковот, и тиквите со своето богатство на бета каротен, како и заради состојките во нивните семки, според Американскиот национален институт за рак, помагаат во борбата против ракот.

Заради истите тие способности на каротеноидите во борба против слободните радикали, тие и ги спречуваат борите на кожата, се тврди во магазинот „Health“.

PumpkinSeeds_Bowl

Семките од тиква се богати со амино киселината триптофан, познатата состојка во мисиркиното месо која ве тера да си дремнете после празничниот ручек, зашто оваа амино киселина е важна во производството на серотонин, кој помага за подобро расположение. Значи, една рака печени семки од тивка можеби е се што ви треба за ведар ден.

Сигурно сте чуле дека бананите се сметаат за природна енергетска храна, но шолја варена тиква има поголемо количество калиум кој помага за надополнување енергија на телото, дури 564 милиграма, додека бананата има 422. Калиумот исто така ги враќа во рамнотежа електролитите по напорно вежбање и ги одржува мускулите во најдобра форма.

Општо познат факт е и дека витаминот Ц е природен борец против настинки и грип, а една шолја варена тиква има повече од 11 милиграми, или речиси 20 насто од 60-те милиграми кои им се дневно потребни на жените, додека на мажите им требаат околу 75 милиграми.