Почетна » Дива » Актуелно » Теракотните икони од Виница во Оксфордскиот музеј

Теракотните икони од Виница во Оксфордскиот музеј

Актуелно
Девет винички теракоти ќе бидат дел од големата изложба „Религиите во империите низ историјата“ која треба да биде отворена идната година во музејот „Ашмолијан“ при Универзитетот во Оксфорд.

Археолозите од овој музеј, кои се заинтерисирани за теракотите, во рамки на посетата на Виница се запознаа со историјата и потеклото на овие уникатни примероци кои се чуваат во музејот „Теракота“.

„Причината што сме овде е подготовката на големата изложба во нашиот музеј „Ашмолијан“ кој работи при Оксфордскиот универзитет во Велика Британија. Изложбата треба да го прикаже развојот на големите религии во империите низ историјата. На изложбата ќе има неколку поставки за христијанството, девет теракотни икони кои се откриени на Виничкото Кале. Затоа сум овде, како археолог лично да се запознаам со археолошките богатства на овие терени“, изјави програмскиот директор на Оксфордскиот музеј Пол Робертс по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за култура и посетата на виничкиот музеј.

Изложбата се очекува да биде отворена во октомври 2017 година и да трае до јануари 2018. За македонското преставување ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија.