Почетна » Семејство » Бременост » Свадба, па прво па машко

Свадба, па прво па машко

Бременост

Спротивно од сите жени, вие всушност сакате машки деца? Од статијава ќе дознаете како им успевало тоа на жените пред два века. Можеби тоа ќе ви успее и вам.

Според истражувањата жените кои ќе родат побрзо по венчавката постои можност да имаат зголемена плодност. Голема е веројатноста да имаат повеќе деца, односно синови, се објаснува во истражувањето на полските научници. „Ние ја проучувавме историјата на околу 377 бракови од 1782 – 1882 во руралните места од нашата земја.  Тие се големо богатство затоа што податоците за нив се добро сочувани до денешен ден“, изјавила др. Ненко.

Разултатите од истражувањето покажуваат дека во тој период жените кои релативно брзо ќе забременеле првиот пат, потоа многу често биле бремени. Така имале многу деца и генерално гледано имале повеќе синови од ќерки.

„Во минатото кога модерните контрацептивни средства не биле достапни, времето поминато од свадбата до првата бременост на жената било индикација за нејзината плодност. Денес повеќе нѐ интересира колку долго двојката се обидува да го има првото дете“, дополнува др. Ненко.

„Како би го објасниле тоа? Плодноста на жената зависи од нејзината исхрана. Колку е подобра исхраната, толку се зголемува нивото на хормони, кои го забрзуваат процесот на забременувањето“, потенцира др. Ненко. Сепак, според истажувањата било докажано дека доколку се роди машко дете, тоа е поисцрпувачко за женското тело.

Научниците од Краков планираат да продолжат со истражувањата, а следно што сакаат да проверат е дали ако жената има повеќе деца тоа влијае на нејзиниот животен век.