Почетна » Дива » Актуелно » „Суперхерои“ повторно во Македонската филхармонија

„Суперхерои“ повторно во Македонската филхармонија

Актуелно

Македонската филхармонија во сабота, 26.11. во 12 часот, заради голем интерес кај публиката, повторно ќе го изведе симфонискиот концерт за деца под наслов „Суперхерои“, кој својата премиера ја имаше минатиот месец.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на маестро Борјан Цанев ќе изведе теми од познати авантуристички и научно фантастични филмови. Децата ќе имаат можност да ги слушнат популарните музички парчиња од светските филмски хитови „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Индијана Џонс“, „Војна на ѕвездите“, „Џемс Бонд“, „Хари Потер“ и „E.T.“. Приказните за суперхероите, на автентичен начин, ќе ги долови омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.