Почетна » Џет сет » Филм ТВ » Хурем го најде господарот на своето срце

Хурем го најде господарот на своето срце

Филм ТВ

Мерием Узерли, прекрасната актерка која ги освои нашите симпатии како султанката Хурем во „Сулејман Величествениот“ изгледа конечно ја најде љубовта на својот живот. Таа му кажа „да“ на бизнисменот Алп Озкан , со кој се гледаат веќе шест месеци, а свадбата се планира за ова лето. Парот досега живееше заедно во Берлин, во изнајмена куќа.

meriem

Инаку, актерката има двегодишната ќерка Лејла од својата врска со Кан Атеш, кој ја остави во критичен период од нејзиниот живот, па таа скршена го напушти снимањето на серијата, дури имаше и обид за самоубиство. Блиски пријатели на парот велат дека Мерием и Алп се многу заљубени , а тој поминува време и со малечката Лејла, па изгледа дека султанката конечно го нашла господарот на своето срце.