Почетна » Љубов » Секс » Среќните двојки имаат секс еднаш неделно

Среќните двојки имаат секс еднаш неделно

Секс

Познато е дека активниот сексуален живот е важен за среќна врска, што не значи дека треба да се стави акцент на квантитетот, се тврди во една најнова студија.

Канадските истражувачи од универзитетот во Торонто направиле три испитувања во кои биле вклучени над 30 илјади луѓе. Не е изненадувачки дека редовниот секс се покажал како многу важен во заедничкиот живот, дури и поважен од парите. Но во кој момент повеќе секс престанува да значи и поголема среќа? „На двојките не им било лошо кога имале секс почесто од еднаш неделно. Само што тоа не се поврзува со подобро чувство во просек“, вели д-р Еми Муис во врска со одговорите на прашањата од испитаните двојки, кои всушност најчесто просечно имаат секс еднаш неделно. „Веројатно е дека неделниот секс им е доволен на двојките да ја одржат интимната врска и да чувствуваат дека имаат активен сексуален живот.“ додава д-р Муис.

Од друга страна, лицата кои не се во врска, изјавиле дека повеќе секс не ги прави посреќни, веројатно затоа што не се чувствуваат толку удобно во сексот надвор од врска.

Д-р Расел Смит, пак, професор по економија на Австралискиот универзитет Монаш, кој ја проучува сексуалноста, вели дека двојките се посреќни кога сексот е подобар, но тоа е како јадење сладолед. „Уживате во првиот сладолед, но ако изедете и втор, во него нема толку да уживате, а во третиот уште помалку.“