Почетна » Семејство » Дом » Среден дом, среќно семејство

Среден дом, среќно семејство

Дом

Дали некогаш случајно ја посетивте вашата пријателка, и забележавте дека сѐ е на свое место? Таа немала можност да среди но сепак се изгледа беспрекорно. Како и вашиот дом да изгледа така?

Што имате таков проблем, оваа статија е само за вас. Прочитајте како да го постигнете тоа.

Сопрете го нередот уште пред да настане

Сите сувенири и детски цртежи кои ги потпикнувате во секој ќош време е да ги отстраните. Веќе дваесетина години само ви прават проблеми во одржувањето на домот. Сигурно не ги ни забележувате веќе освен кога ги пребришувате по 1000 пат.

Брза храна

Ако сте љубители на брзата храна, одредете еден дел од фрижидерот за сенвичите, кашкавалот, кечапот и останатите продукти. Така без многу напор и неред полесно ќе функционирате.

Вклучете ги децата во средувањето

Наместете тајмер на 15 минути и кажете им на вашите најмили дека имаат толку време да ги средат своите соби. Кој ќе заврши прв ќе биде победник, а на вас останува да ја одредите наградата.

Недојадената храна

Ви се здосади ли постојано да гледате неред во оставата? Отворена кеса со чипс и разни грицки на сите страни? Ставете ги во посеба кеса и одредете им го местото, така ќе решите тој проблем.

Ако не го користите, фрлете го

Детската соба е преполна со безброј играчки, детска облека која вашите деца не ја носат повеќе и други непотребни работи? Доколку не планирате да го проширувате семејството со уште некој член, веднаш одлободете се од сите работи кои на децата не им се потребни.