Почетна » Рецепти » Коктели » Совршен Менхетн

Совршен Менхетн

Коктели

Ако ви треба опуштање на крајот од работната недела, пробајте го овој совршен коктел од Градот кој никогаш не спие.

Потребни состојки:

– две и пол дози бурбон (или виски)

– половина доза сладок вермут

– половина доза сув вермут

– сок од цреши

– 4 сипувања Ангостура битер (горчица)

и една мараскино цреша за украс.

Земете изладена чаша за мартини за сервирање, а коктелот пригответе го во шејкер. Две и пол дози бурбон се мерат и се ставаат во шејкерот. Потоа доаѓа вермутот, и сувиот и слаткиот. На крај додајте го слаткиот сок од цреша, па малку Ангостура битер и многу мраз. Пред да го исцедите, го мешате за мразот да се спои со пијалакот. Со цедалка спречувате да влезе мраз во изладената чаша. За крај, украсете ја чашата со мараскино цреша.