Почетна » Дива » Патувања » Сосема поинаков поглед на Гран Канарија

Сосема поинаков поглед на Гран Канарија

Патувања

Архипелагот познат како Канарските острови се дестинација за која се напишани многу текстови, но овој пат ви нудиме поинаков поглед на далечната шпанска провинција, која неодамна беше дел од неверојатното видео на екстремниот спортист Дени МекАскил.

Опремен со својот велосипед и заштитната кацига на која има „Го про“ камера, овој урбан каскадер ни ги доближи домовите на луѓето кои се населени на вториот по големина остров во архипелагот, наречен Гран Канарија, сместен во Атлантскиот океан, што е само 150 километри од брегот на Западна Африка, а 1.350 километри од Европа.