Почетна » Семејство » Дом » СОСЕМА НОВА ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН

СОСЕМА НОВА ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН

Дом

Дневната соба е срцето на секој дом, свето место резервирано за удобната приватност на секојдневниот живот каде сите се собираме да ги споделиме секојдневните случувања и смеата. Тоа е место каде поминуваме голем дел од времето и колку што е попријатно и похармонично до толку повеќе може да го наречеме наше омилено место. Токму овие бесценети моменти ги инспирираа дизајнерите на Sony во нивниот обид да создадат телевизор кој го има централното место, а сепак незабележливо се вклопува во секоја дневна соба. Тешките, крути црни телевизори се минато. Sony ги предводи новите трендови за дизајн, претставувајќи модерни минималистички уреди кои совршено се вклопуваат во средината.

XD85b
Искуството на луѓето при гледање телевизија доаѓа од целата соба, а не само од уредот, што беше инспирација за концептот Slice of Living, најдобро претставен во новата линија на телевизори Sony BRAVIA 2016. Ни на крај памет нема да ви биде да го скриете телевизорот во креденец или истиот да не зазема централно место во вашата дневна соба. Неговата рамна, плочеста форма елегантно се вклопува во секој простор, давајќи илузија дека гледате слика на ѕидот или пак дека тоа е прозорецот во собата, без притоа да го задушува просторот. Серијата XD93/XD94 ја краси дискретна златна лента на самата рамка која го истакнува тенкиот и слоевит дизајн на телевизорот, додека XD85 серијата има сребрена линија долж алуминиумската рамка.
Чистиот дизајн е очигледен преку тенката рамка која не го одвлекува вниманието од содржината и паметното решение за каблите кое не дозволува да се гледаат жиците и прави телевизорот да изгледа добро од секој агол. Благодарение на специјално конструираниот заден отвор на држачот за ѕид, моделите од XD93/XD94 серијата даваат илузија на слика со совршен изглед, дури и кога се прикачени на ѕид.

XD93_QF_65_btyC_blk_sil_slt

Следејќи ги новите принципи на дизајн, инженерите на Sony си дадоа за задача да им додадат поголема вредност на домашните апарати претставувајќи импресивни модели кои ќе го разубават секој дом. Без разлика дали удобноста е приоритет при уредување на домот, имате елементи на масивно дрво или модерен стан во центарот на градот, префинетиот стил на телевизорите на Sony ќе го надополни уникатниот стил кој сте го избрале за вашиот дом.
А ако сакате најдобар можен квалитет на сликата кој ќе го надополни квалитетот на декорот во вашата дневна соба, во 2016 година Sony го прави гледањето телевизија уште подобро со 4K HDR овозможувајќи појасна слика, посилен контраст и вибрантни бои, резултирајќи во поголема длабочина и повеќе детали од било кога претходно.