Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Сопругата на рускиот милијардер Мелниченко позира на нивната мега јахта

Сопругата на рускиот милијардер Мелниченко позира на нивната мега јахта

ЅвездиДом

Блиндираната палата на вода од 120 метри на рускиот тајкун Андреј Миличенко дополови низ Темза до Лондон, а неговата сопруга, Александра, поранешна манекенка со српско потекло, која во 90-тите години настапуваше со поп групата „Моделс“, ја искористи оваа прилика за фото сесија низ ова чудо на модерен дизајн и технологија.

trpezarija

Бродот инаку е меѓу 25-те најголеми супер јахти во светот, вреден 225 милиони фунти, а заради дизајнот отпорен на бомби тежи шест тони, внатре има 3 базени, луксузни кабини, што му доликува на таканаречениот „Крал на луксузот“, чие богатство вреди 8,5 милијарди фунти.

spalna

Во главната спална се влегува само со скенирање на отпечато од прстот, а има кружен кревет и телевизор кој се повлекува во таванот. Луксузниот ентериер е полн со огледала од подот до таванот во гостинските апартмани, како и фотелји од крокодилска кожа, од кои висат крокодилските опашки.

krokodilskakoza

Инаку, госпоѓа Мелниченко признава дека учествувала во креирањето на внатрешноста на оваа палата што плови.

paluba

Во составот на јахтата има и соба за велнес и третмани за убавина, хелипад и отворена палуба за забави. Јахтата има седум кабини, и може да се сместат до 14 гости и екипаж од 42 лица.

bazen

44-годишниот Мелниченко, кој своето богатство го создал од јаглен и ѓубриво, според листата на „Форбс“ е 11 по богатство во Русија, а 139 во светот. Со пет години помладата Александра, воедно и поранешна Мис на Југославија, со која имаат едно дете, се запознал во Франција во 2003, а на нивната луксузна свадба во 2005 настапиле Кристина Агилера и Витни Хјустон. За прославата пак на нејзиниот 30-ти роденден, пеела Џенифер Лопез за хонорар од 1,5 милиони фунти.