Почетна » Сештоманија » Интернет » Социјалните мрежи даваат мозочен ефект на секс

Социјалните мрежи даваат мозочен ефект на секс

Интернет

Сопственото разоткривање на медиумите како социјалните мрежи нудат ефект во мозокот сличен на оној што го дава сексот.

Најновото истражување од респектираниот универзитет Харвард укажува дека мозокот во вакви ситуации реагира како при лачење на допамин, кој е познат како хемиско соединение на задоволството. Ова се базира на сознанијата дека 40% од искажувањата на социјалните мрежи се за да им објасниме на другите како се чувствуваме или што мислиме за некои прашања. Кога станува збор за Фејсбук и Твитер, тој процент изнесува 80 отсто.

– Сопственото откривање е мошне стимулативно, до тоа ниво што луѓето се мотивирани да ги пропагираат производите на својот ум, можностите да кажат некое свое мислење се искусуваат како моќна форма за субјективна награда,- вели предводникот на студијата, Дијана Тамир, во изјавата за „Вол стрит журнал“.

Заклучоците се донесени откако биле спроведени пет експерименти на над 300 учесници во студијата. Некои од нив биле прашувани за свое мислење додека биле скенирани со машини за магнетна резонанца, со кои се следела циркулацијата на крвта во мозокот. Кога зборувале за себе, кај волонтерите била забележана активност на регионите во мозокот поврзани со задоволството.

Во друга студија, пак, објавена од MSNBC, на волонтерите им биле нудени различни износи на пари за нивните одговори, при што помали своти биле наменети за прашањата кои се однесуваат на нив, а поголеми суми за прашањата кои се однесуваат на други луѓе. Вол стрит журнал наведува и дека учесниците биле волни да се откажат од 17% до 25% од своите можни заработени средства, само за да можат да зборуваат за своите преференции или чувства. Наоѓањата на оваа студија се објавени во Записникот на националната академија на науките.