Почетна » Дива » Актуелно » И фитнес со велосипед и бесплатна струја! (ВИДЕО)

И фитнес со велосипед и бесплатна струја! (ВИДЕО)

АктуелноФеномениФитнес

Мајките знаат колку децата можат да бидат хиперактивни во затворен простор, па не ретко паднала и некоја шега на таа тема дека „би можеле струја да произведуваат“ од што имаат потреба да ја потрошат својата енергија.

Не знаеме дали тоа бил лајт мотивот кај иноваторот на овој инвентивен велосипед, но дефинитивно овозможува трошењето на сопствената енергија да не оди во празно. Еден час возење на „Free Electric“ или „Бесплатна електрична енергија“ ви дава доволно струја за 24-часовните потреби на вашиот дом.

Покај тоа што е добар за местата кои воопшто немаат пристап до електрична енергија, тој би бил особено користен и при кризи или во случај на природни непогоди. А со оглед на загаденоста на планетата Земја, ваков чист извор на енергија ќе биде добредојден насекаде. Уште ако вежба и целото семејство, ќе имате неограничена електрична енергија во домот!