Почетна » Рецепти » Коктели » Смути со јагоди, лубеница и чиа семе

Смути со јагоди, лубеница и чиа семе

Коктели

Овој едноставен и освежителен напиток е совршен за топлите летни денови кои ни претстојат, а можете да го приготвите за појадок, ужина или навечер, како третман за смирување и ладење по долгиот и напорен ден.

Состојки:

250 грама лубеница без семки

120 грама јагоди (смрзнати)

1/2 зрела банана (претходно исечкана и смрзната)

незасладено млеко од бадем

сок од 1 зелен или обичен лимон

1 супена лажица чиа семе.

Додадете ги сите состојки во блендер и изматете ги. Ако сакате напитокот да биде поредок, додадете млеко, ако сакате да биде погуст, додадете јагоди или банана. ако сакате повеќе да се чувствува вкусот на лубеницата, додадете лубеница. Ова количество е за две чаши пијалак, а на крај украсете го со чиа семе за да потсетува на семките од лубеницата. Најдобро е да се пие свеж, но може и да се чува во фрижидер, не повеќе од 2 дена.

 

 

120-180 мл