Почетна » Нега » Здравје » Смејте се гласно, тоа е исто како џогирање

Смејте се гласно, тоа е исто како џогирање

Здравје

Интуитивно тоа го знаеме сите, но кога ќе го прочитаме и во писмена форма драго ни е што сме биле во право – смеењето не само што е добро за душевното, туку и за физичкото здравје.

Колку повеќе, барем неколку минути дневно, искрено смеење,  посебно гласното смеење ја контролира дијафрагмата, стомачните мускули, па дури и рацете и нозете. Не случајно се нарекува „внатрешен џогинг“. Со добро смеење можете да смалите подеднаков број калории на саат како и со брзото одење.

Смеењето, лековито делува преку тоа што смалува болка, привремено го одржува пулсот и го покачува притисокот, а со длабокото дишење се зголемува нивото на кислород во крвотокот.