Почетна » Сештоманија » Шопинг » Слушалки кои предизвикуваат чувство на среќа

Слушалки кои предизвикуваат чувство на среќа

Шопинг

Добрата музика на сите ни го поправа расположението, но замислете колку подобро би било со слушалки кои ги стимулираат нервите и ги активираат таканаречените супстанции на задоволството во нашето тело.

Новата американска компанија „Нервана“ (не е грешка во спелингот, нерв-ана) направи слушалки кои го поттикнуваат мозокот да ослободува неуротрансмитери кои се одговорни за да чувствуваме задоволство и среќа, и кои обично се ослободуваат при физички вежби, секс, дрога, и секако, слушање музика, меѓу другите активности.

Слушалките „Нервана“ можат да се вклучат во генераторот „Нервана“ или во кој било друг уред за слушање музика. Додека слушате некоја песна со нив, електрична симулација со низок напон во вид на електричен пулс го придружува ритамот на музиката, и предизвикува реакции во мозокот кои овозможуваат ослободување на допамин, серотонин и окситоцин.

nervana2

Слушалките можат да се користат и без музика, со активирање на амбиенталниот начин на работа, кој го произведува истиот ефект само со звуци регистрирани од околината, што би било одлично на музички фестивали, на пример.

На овогодинешниот саем за електроника ЦЕС, луѓе ги тестирале слушалките, па еве како една девојка го опишала искуството: „Го чувствував електрицитетот во раката,  и некако ме скокоткаше, но најдобар момент за мене беше потоа, кога завршив и станав. Почувствував како да сум постигнала нешто прекрасно, не можев да престанам да се смеам. Околу 5 минути моето ниво на среќа беше 10 од 10. Потоа тоа полека избледе, но бев невообичаено среќна околу еден час.“

„Нервана“ ќе чини 300 долари и ќе може да се нарача од нивната веб-страница веќе од февруари.

„Да се зема нешто во основа отровно во нашите тела може да биде смртоносно, за жал, но „Нервана“ може да го зголеми задоволството од музиката без никаква дрога,“ вели д-р Даниел Картлиџ, еден од лекарите во тимот на „Нервана“. Ова навистина може да донесе една иднина чиста од наркотици на музичките фестивали во новиот век.