Почетна » Дива » Мода » Славните личности конечно ќе одморат од папараците

Славните личности конечно ќе одморат од папараците

Мода

Славните личности постојано се следени од папараците каде и да одат, но изгледа дека конечно е пронајден начин како тие да се скријат од камерите.  Дваесет и осум годишниот Саиф Сидики ја дизајнираше марамата ,,ISHU“, со која фотографиите на папараците стануваат неупотребливи за „жолтиот печат“.

slika 2
Марамата „ISHU“ е произведена од специјална ткаенина која што содржи илјадници нано-сферични кристали кои што буквално ја рефлектираат светлината од блицот на фото-апаратите, па ѕвездите се невидливи на сите фотографии фотографирани со помош на блиц.
Името на марамата ,,ISHU“ потекнува од англиските зборови ,,issue” (проблем) и ,,shh” („шшш“ или фраза која се употребува кога се моли за молк).
Оваа ,,анти-папараци” наметка служи и при снимање видеа и е дефинитивно генијален изум, па затоа повеќе холивудски ѕвезди, од актери, па се до пејачи и спортисти веќе се забележани како ја носат оваа марама.

slika 3
,,Главната идеја е луѓето да сфатат колку всушност е важна приватноста, а сега со марамата ,,ISHU“, секој може да има контрола врз својот приватен живот“ – изјави креаторот Сидики за ,,BuzzFeed“, кој веќе направи и ,,ISHU“ маска за телефони со истата ,,моќ” како и марамата.
Можете и самите да ja разгледате веб страницата на ,,ISHU” на следниот линк http://theishu.com/ishu-shop пред овие производи да бидат пуштени во продажба идниот месец.