Почетна » Дива » Актуелно » Скопје пулсира во ритамот на UEFA Супер Купот

Скопје пулсира во ритамот на UEFA Супер Купот

Актуелно

Денеска на плоштадот „Македонија“ официјално се отвори „неутралната фан зона“ подготвена од Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот. Секој чекор кој е преземан има за цел да ги истакне емоциите кои следат пред големиот натпревар помеѓу најтрофејните европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

Првиот ден, 07.08.2017 (понеделник), ќе настапат Симона Попоска, DJ Mats, ContruDJ и DJ Branchez, додека на 08.08.2017 (вторник), за одлична забава ќе се погрижат Сара Мејс, DJ Dela, Brass Brothers и DJ Bobi.

„Неутралната фан зона“ на 7ми август и на 8ми август започнува со работа во 11.00 часот. Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до 8ми август до 16.00 часот.

Преземено од www.derbi.mk.