Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Супермоделот Синди Крафорд се повлекува од модната писта

Супермоделот Синди Крафорд се повлекува од модната писта

ЅвездиМода

Долгоногата дива во своето интервју за магазинот „Rhapsody“ го најави крајот на својата легендарна кариера која траеше повеќе од 20 години, откако претходно се откажа од постојаното позирање уште во 2000 година.

„Сигурна сум дека ќе ме сликаат и во следните 10 години, но веќе не како манекенка,“ рече прекрасната Синди, која реши да се откаже од професионалното позирање по својот 50-ти роденден, кој ќе го прослави на 20 февруари. Таа својата кариера ја започна уште како тинејџерка, а стана препознатлива по својата карактеристична бенка над горната усна.

cindy2

Иконата на модната писта изгледа прекрасно во црно-белата фотосесија на магазинот и за својата дваесетгодишна кариера вели: „Сум работела со неверојатно фотографи. Што друго треба да направам? Не можам постојано одново да се измислувам себеси. Не треба веќе да се докажувам и не го сакам тоа.“

Синди прозборе и за стареењето: „Ја гледам ќерка ми – ги поминуваме нашите тинејџерски години во копнеж да бидеме постари. Кога сме среќни такви какви што сме? И двете мои баби се се уште живи. Едната има 93 години и живее сама – но се уште ми се јавува за крем за лице. Си велам дали кога ќе се погледне во огледало се прашува – Која е тоа старица?“

Инаку, последната фотосесија на Синди беше на почетокот од годинава, заедно со нејзите две славни колешки од 80-тите, Наоми Кембел (45) и Клаудија Шифер (45) за кампањата на „Балмаин“, во која трите покажаа дека се уште се вистински кралици на модата.

cindynaomiclaudia