Почетна » Џет сет » Ројал » Шведската принцеза Маделиен се породи по втор пат

Шведската принцеза Маделиен се породи по втор пат

Ројал

Принцот Николас се роди во Стокхолм на 15јуни 2015 година, како второ дете во семејството на Принцезата Маделиен и Кристофер О`Нил.

Двојката што се запозна во Њујорк и живееше таму до 2014 година, се врати во Шведска во февруари оваа година. Нивното прво дете, Принцезата Леонора е родена во САД.

Принцезата Маделиен е четврта во низата кандидати за наследници на шведскиот трон, стапи во брак со својот „банкар од соништата“, Кристофер О`Нил во текот на јули 2013 година. Нејзиното целосно кралско име е принцеза Маделиен Тереза Амели Жозефин, војвоткиња од Халсингланд и Гастрикланд. Таа денес има 33 години и е најмалата од е трите деца на кралот Карл Густаф.

Нејзината сестра, принцезата Викторија е наследничка на престолот, а нејзината ќерка Естеле сега е втора во низата за преземање на тронот. „Средното дете“ или Принцот Карл Филип е трет, но се уште ги нема објавено своите намери.

Маделиен беше најчесто споменувана во медиумите кои дознаа дека нејзинот претходно момче со кое беше во осумгодишна врска, адвокатот Јонас Бергсторм, ја изневерувал принцезата со 21-годишна ракометарка од Норвешка. Кристофер е со неа од 2011 година, повозрасен е за осум лета, а има двојно државјанство како Англичанец и Американец. Таблоидите му приредија „огнен дочек“ и на новиот зет, откривајќи дека порано работел за масоните од Ротшилд, а сегашната фирма за финансиски инвестиции има адреса во подрачје каде што нема канцеларија, туку само фиктивно е таму поради помалите даноци.

Сепак, службата за односи со јавност на шведската кралска палата реагираше со позитивен настап, во кој се демантирани конструкциите дека тој е акционер во интернационалната компанија Ностер Капитал, односно дека е на ниво на партнер во нејзината американска филијала. Како принц на Шведска, тој нема да тргува или инвестира во шведски компании, поради конфликт на интересите.