Почетна » Семејство » Во брак » Што всушност сака да ви каже вашиот сопруг?

Што всушност сака да ви каже вашиот сопруг?

Во брак

Иако можеби вие не верувате дека мажите се од Марс, а жените од Венера, сепак знаете дека постои разлика во начинот на изразување на двата пола. За жените комуникацијата е начин да се поврзат со партнерот, а за мажите најчесто е начин да се сподели информација.

Прочитајте што сака да ви каже вашиот сопруг кога би ги надминале проблемите во комуникацијата.

Едно „благодарам“ значи многу. Можеби мислите дека вие правите многу повеќе за домот, па зошто да му се заблагодарувате, но мажите не мислат така. Некој процент од нив го прават истото што и вие во домот, па и тие би сакале партнерката да им се заблагодари.

Кога ќе се пожалите за нешто, поверојатно е да добиете совет од сопругот, отколку рамо за плачење. Ако се вратите од работа и се жалите за шефот кој постојано ве критикува, на сопругот тоа му звучи како да барате совет за да го решите проблемот, иако можеби вие сакате само некој да ве ислуша.

Сопругот сака да му дадете рок за завршување на некоја обврска во домот. Сигурно неколку пати ќе му повторите за некоја работа што треба да ја поправи во домот, но доколку не е итно, најверојатно ќе го направи тоа дури кога ќе има слободно време. Со одредување на денот до кога треба да биде поправено нештото ќе му помогнете во организирањето на неговите обврски.

Мажите сакаат да им кажете кога нешто ви пречи. Сигурно од праисториско време па до денес мажите се прашуваат зошто кога нешто ги налутило жените не им кажуваат директно туку се останува на зборот „ништо“. Решението на таквиот проблем е вие да му кажете кога нешто ви пречи.

Вашиот сопруг не сака да го прашувате како ви стои облеката. Мажите знаат дека на тие трик прашања за вашиот физички изглед можат да одговорат нешто што би ве налутило или навредило. Затоа, ако одлучите искрено да комуницирате, бидете подготвени на секаков одговор.

На крајот на напорниот ден, децата спијат, а вие гледате телевизија. За мажите тоа е совршено поминување на заедничкото време, додека пак кај жените тоа не е ништо доколку постојано не разговараат со партнерот. Сопругот не мора постојано да комуницира со вас за да чувствува блискост и поврзаност. Но тоа за жените не е така. Затоа ако сакате да разговарате кажете му, не мислете дека тишината значи недоволен интерес од негова страна.

Сигурно секој од мажите во одреден момент посакал неговата сопруга да сака повеќе секс. Ако често го одбивате вашиот сопруг тој ќе почне да размислува дека нешто не е во ред. На жените потребна им е интимност за да имаат секс, а мажите интимноста ја наоѓаат во сексот со партнерката. Затоа следниот пат кога ќе бидете расположени, не чекајте на сопругот, иницирајте вие.