Почетна » Нега » Фитнес » Што се случува со вашето тело кога вежбате

Што се случува со вашето тело кога вежбате

Фитнес

Спортувањето не е толку тешко колку што изгледа, а научно е докажано дека триесет минути вежбање дневно се доволни за да бидете здрави и во форма. А ако се уште не сте уверени во придобивките од вежбањето, прочитајте што се случува во секоја етапа од физичката активност.

За време на вежбањето – се забрзува метаболизмот, се подобрува вискозноста на крвта, се зголемува протокот на кислород од 8 на 100 литри во минута, а засилениот доток на крв им овозможува на клетките да примат повеќе кислород и хранливи материи од крвта.

Веднаш по вежбањето – вашето тело почнува да ги троши протеините и јаглените хидрати четири пати побрзо, па слабеете побрзо, а мозокот почнува да лачи ендорфин, хормон на доброто расположение.

Неколку часа по вежбањето – имате поголема самодоверба, крвниот притисок ви се нормализира, почнувате да имате подобар сон.

По неколку недели редовен тренинг – ви се зголемува капацитетот на белите дробови, а срцето и крвните садови работат подобро, станувате поцврсти, ви се зголемува нивото на хемоглобин во крвта: бројот на црвени крвни зрнца во кубен милиметар крв се зголемува од 5 на 6 милиони, имате подобар имун систем, нивото на лимфоцити во крвта се зголемува, телото полесно ги регулира нивоата на шеќер и други супстанции, и се складираат помалку масти.

По неколку месеци редовно вежбање – станувате помалку склони на стрес, депресија и промени во расположението. Се зголемува преносот на кислород до вашите мускули, имате подобра координација на движења и посилен нервен систем. Се зголемува брзината на пренос на нервниот импулс и мозочната активност, па побрзо донесуваме одлуки. Мускулокоскениот систем на телото се засилува, мускулите ви стануваат поголеми, а коските погусти.

По неколку години редовно вежбање – си го продолжувате животниот век и останувате млади подолго време.