Почетна » Љубов » Искуства и совети » Што сакаат мажите во една врска?

Што сакаат мажите во една врска?

Искуства и совети

Сигурно и вие додека растевте ве учеа дека мажите од жените ја сакаат само „онаа“ една работа. Можеби вашите мајки или баби постојано ви го кажувале тоа. Но не е така, нели?

Како што растете сфаќате дека не е само една работа туку се неколку што би направиле вашата врска совршено да функционира и вашиот сопруг да биде среќен.

Мажите како и сите луѓе сакаат да ги разберете. Тие навистина мислат дека се е во ред ако вие не им кажете што ве лути. Мора да разберете дека нивниот ум е така програмиран да кажуваат што мислат, затоа е најдобро да ги разберете па и вие искрено да споделите што ви пречи.

Дадете му тоа што му треба. Иако не е вистина дека мажите ја сакаат „онаа“ работа, таа сепак спаѓа во делот на нивните најчести потреби. Па сигурно веќе сте сфатиле дека и не е така лошо како што ви раскажувала баба ви. Изненадете го вашиот сопруг и за промена вие иницирајте.

Иако сопругот сака да се однесува како алфа мажјак, сепак во срцето е како малечко момче. И малите и нежни работи кои ќе ги направите за него ќе го израдуваат и ќе знае да ги цени. Малкумина се оние кои би одбиле нежна масажа или одличен домашен десерт.

Кажувајте му дека го сакате. Вие не сте единствени кои сакате да слушнете колку партнерот ве сака, и што сѐ би направил за вас. Бидете креативни и најдете посебен начин за да му докажете колку ви значи и кажувајте му на сопругот барем еднаш во денот колку го сакате.

Не заборавајте да се забавувате. Не е важно ако имате деца или веќе внуци, не дозволувајте да ви згасне детскиот дух во вас и забавата во домот.

Некој некогаш рекол, разговарајте за малите работи за кога ќе дојдат важните одлуки ќе знаете како да комунцирате. Комуникацијата никогаш не уништила некој брак, но недоволната комуникација да.