Почетна » Марс » Од негов агол » Што навистина мисли вашиот партнер за вас по породувањето?

Што навистина мисли вашиот партнер за вас по породувањето?

Од негов агол

Иако поголемиот број на татковци се обидуваат да бидат од помош, сепак раѓањето на првото дете претставува голема промена и за нив. Еве што тие сакаат вие да знаете.

Некои работи можеби и ќе ве шокираат.

Му недостига партнерката и нејзиното внимание

На голем број мажи во краткотрајните моменти на опуштање им недостига прегратката на партнерката. За нив тоа претставува знак на благодарност. Некои посакуваат да поминуваат малку повеќе време сами со партнерката, па макар тоа и да е само одење во кино. На татковците често им се чини дека целата енергија и време го одзема бебето, а нивниот однос со партнерката е на второ место.

Навистина мислат дека сте најдобрата мајка на светот

За некои мажи, фактот дека неговата партнерка го родила нивното прво дете е фасцинантен. Кога ќе сфатат колку трпение има нивната партнерка, сакаат да останат мотивирани во текот на целиот ден да се однесуваат со детето како неа.

И на татковците потребен им е одмор

Понекогаш на мажите потребен им е одмор од вообичаените фрази како што е „денес детето го направи ова или она“, штом ќе се вратат од работа. Му недостига резговорот со партнерката за тоа како му поминал денот, а на тој начин таа покажува колку ѝ е важен во животот.

Не е потребно сѐ да биде совршено

Татковците мислат дека нема да се сруши целиот свет ако на пример детето една вечер не биде избањато. Наместо тоа, би ја поминал вечерта разговарајќи со партнерката.

Мислат дека сте секси

Можеби жените стануваат уште попривлечни по породувањето за мажите. Иако жените немаат добро мислење за себе и своето тело, партнерите ги гледаат со други очи. Некои се одушевени од тоа како партнерката успева да се погрижи за нив, за детето, за домот, за работата…