Почетна » Марс » Од негов агол » Што мислат мажите за жени со тетоважи?

Што мислат мажите за жени со тетоважи?

Од негов агол

Тетовираните жени, според мажите, побрзо би прифатиле секс за една вечер, а исто така и им делуваат попривлечни. Но зошто?

Тим од експерти од Франција, спровеле истражување кое се одвивало за време на летото во Велика Британија. Од 58 девојки, единаесет кои имале привремени тетоважи, кога поминувале на плажите биле доживувани како попривлечни и достапни за разговор. Секако, мажите полесно им пристапувале.

Во другиот дел од истражувањето, мажите биле тие кои одговарале на прашања за жените и сексуалниот живот. Резултатите покажале дека жените со тетоважи ги доживувале како „полесни“ и сметаа дека со нив би можеле да имаат сексуален однос за една ноќ.

Меѓутоа, ова истражување наишло на критики во кои било наведено дека не е комплетно, односно дека не се наведени причините за тоа зошто мажите имаат такво мислење за нив. Критичарите велат дека овде станува збор за стереотип.

Без малку и не постои личност која нема тетоважа. Тие навистина станаа дел од нашето секојдневие, но што мислите вие за тетоважите?