Почетна » Сештоманија » Телоговор » Што кажуваат вашето лице и коса за вас

Што кажуваат вашето лице и коса за вас

Телоговор

Од косата на главата до прстите на нозете, нашето тело зборува многу за нас. Спротивно или не на некои раширени верувања, еве што велат научните истражувања.

Коса – Русокосите жени се посамоуверени од црнките и црвенокосите затоа што добиваат повеќе внимание, велат експертите од Универзитетот Калифорнија.  Црвенокосите, пак, се почувствителни на болка, и им треба повисока доза на анестезија од другите два типа жени.

Кај мажите, пак, се испитувал коефициентот на интелигенција и добиени се резултати дека ќелавоста се поврзува со надпросечна интелигенција, односно 119 IQ, во однос на просечните 115.

Чело – Според експертите за читање од лице, широко чело укажува на интелигенција, практичност и голем број идеи.

Луѓето со високо заоблено и длабоко тело многу се посветени на пријателството.

Луѓето со рамно чело имаат практична природа и сакаат да работат со факти.

Ако челото ви се шири или ви се стеснува, веројатно сте нетрпеливи и спонтани.

За жал, ако имате вдлабнато чело, тоа не е добар знак за вработување и бизнис, а тие со испакнати чела се многу интелигентни.

Лице – Мажите со пошироко лице се позлобни и поголема е веројатноста да изневерат.

Мажите со тесно лице најчесто се поотворени и поискрени, па проверете во која категорија припаѓа вашиот најблизок.

Oчи – Светло сини очи – мирни, но им треба поголема физичка сила и издржливост.

Сино-зелени очи – ги анализирате вашите емоции и сте концентрирани.

Зелени очи – мислите на дваесет работи во исто време, ви треба разновидност на работа и лесно ви здосадува.

Кафени очи – ориентирани сте кон семејството, топли и грижливи личности.

Сиви очи – се грижите за вашата приватност, емотивно сте ладни и способни да чувате доверливи работи.

Нос  – Свртен нагоре – според кинеската вештина на читање од лице, овие луѓе се најчесто фини, оптимистични, често со бескраен ентузијазам за нови работи и искуства.

Клунест нос – не им треба одобрување од другите и се прилично бунтовнички настроени. Не се грижат што мислат другите за нив и најсреќни се кога си ги следат своите цели.

Антички нос – класичната права форма на нос укажува на инспиративен, а сепак функционален организатор и вреден работник.

Римски нос – овој нос е карактеристичен за лидери и укажува на силна, но импулсивна личност, одмерена и ретко агресивна.

Нубиски нос (долги и широк во основата) – овие луѓе се креативни и страствени, секогаш мислат нови начини за пристап кон проблемите.

Чпрт нос – тоа се личности со брзи физички и ментални реакции. Тие размислуваат брзо и се многу практични. Според кинеските читачи на лцие, тие се многу грижливи партнери.

Уши – Според мајсторот за читање од лице Џои Јап, има над педесет видови уши и секој е поврзан со интелигенцијата.

Колку поистакнати уши има некој, толку повеќе ужива да биде во центарот на вниманието. Луѓето со сплескани уши се повообразени, а луѓето со поголеми ушни ресички знаат да го искористат до максимум луксузниот животен стил. Показател на интелигенција е кога горниот дел од увото е поголем и потркалезен од долниот.

Усни – Жените со тенки усни имаат поголема шанса за долги врски, додека жените со пополни усни и голема уста имаат многу среќа и секогаш се најпопуларни.

Брада – Жените со голема брада, според едно американско истражување, имаат поголема шанса да бидат неверни затоа што имаат повисоко ниво на тестостерон.