Почетна » Сештоманија » Телоговор » Што кажува формата на вашето лице за вас?

Што кажува формата на вашето лице за вас?

Телоговор

Експертите за читање од лице веруваат дека формата на вашето лице може да ги открие основните карактерни црти и да го определи вашиот пристап кон животот. Џин Ханер, авторката на книгата „Мудроста на вашето лице“, за „Космополитан“ ги открива седумте основни форми на лице и нивните особини.

На пример, музичката дива Бјонсе има елипсовидна форма на лице односно тоа е подолго и потесно. Ваквите луѓе се практични методични и стигнуваат далеку во својата кариера. Тие се и сочувствителни и секогаш знаат да ја кажат вистинската работа за да направат некој да се чувствува удобно.

Лице во форма на срце има актерката Риси Витерспун, со широко чело, а тесна брада. Таквите луѓе имаат неверојатна внатрешна сила, но можат да бидат и тврдоглави, затоа што го бранат својот став. Но нивната сила не доаѓа од телото, туку е внатрешна. Тие исто така се и креативни и имаат голема интуиција.

ginnifer-goodwin-round-crop

Тркалезно лице има актерката Гинифер Гудвин, со широко чело и широки образи. Тие луѓе се несебични и секогаш ги ставаат другите на прво место. Но со таквото однесување, тие можат да привлечат нарцисоидни личности за партнери, па можеби треба да сфатат дека не секогаш треба другите луѓе да им бидар приоритет.

lucy-lui-rectangle-face-shape

Луѓето со лице во облик на правоаголник ја ценат логиката и се големи мислители. Таква е актерката Луси Лиу. Тие се планери и не зборуваат многу за своите чувства. Многу вежбаат затоа што мораат да се ослободат од напнатоста на постојаното живеење во својата глава.

mena-suvari-square-shaped

Американските актерки Сандра Булок и Мена Сувари се од луѓето со квадратесто лице. За нив се вели дека имаат остар и аналитичен ум. Тие често се зафаќаат со големи проекти, затоа што имаат голема физичка способност.

taylor-diamond

Пејачката Тејлор Свифт има лице во облик на ромб, односно лице кое е тесно кон брадата и кон челото, а широко во средината. Тие сакаат да ја имаат контролата и работите да се одвиваат по нивно. Многу внимаваат на деталите и затоа даваат квалитетен производ. Тие се и прецизни и добро комуницираат, но можат да бидат остри ако се налутат.

kelly-osbourne-triangle-crop

Британската ТВ ѕвезда Кели Озборон има лице во облик на триаголник. Тоа е лице кое е потесно кај челото, а пошироко кај вилицата. Мажите и жените со вакви лице се уметнични настроени, креативни и чувствителни, но и избувливи. Тие сакаат да бидат главни, и колку им е потесно челото толку повеќе сакаат да контролираат, па таквите личности најчесто се многу успешни.