Почетна » Љубов » Романтика и врски » Што да зборувате, а што не на првиот состанок

Што да зборувате, а што не на првиот состанок

Романтика и врски

Значи конечно собравте храброст да ја поканите личноста што ви се допаѓа на состанок? Вашите пријатели постојано ве советуваат каде да одите, што да зборувате, а коленици се повеќе ви се тресат од трема.

Затоа прочитајте ја листата нешта кои треба или не треба да ги зборувате на првиот состанок. Па нека ви се посреќи!

Избегнувајте ги разговорите за минатото. Сигурно и вие не би сакале да слушате на првиот состанок  приказни за поранешните љубовници на човекот кој ве интересира. Можеби бил повреден или се уште е заљубен, па сигурно нема да му биде убаво да зборува за тоа.

Разговарајте за вашите браќа или сестри. Тоа е сигурна тема, за разлика од разговор за родителите, кои можно е да се разведени и слично. Затоа држете се до темата за браќа или сестри кој најчесто повлекува добри сеќавања од детството.

Патувањата се секогаш добра тема. Зборувајте за места кои сте ги посетиле или од секогаш сте сакале да ги видите.

Видови на пијалаци е одлична тема. Доколку состанокот сте го договориле во некое кафуле или ресторан, сигурно таа тема сама ќе се провлечи низ разговорот.

Разговарајте за пријателите, вашето омилено место за излегување или за работата. Со овие секојдневни теми ќе разговорот ќе тече како да се знаете со години, без да се плашите дека може да погодите некоја болна точка.