Почетна » Марс » Од негов агол » Што би кажале мажите за неверството?

Што би кажале мажите за неверството?

Од негов агол

Зошто мажите изневеруваат? Жените постојано си го поставуваат тоа прашање, но никако да дојдат до вистинскиот одговор. Суштината е дека мажите и не се ништо поинакви од жените.

Да тие се посилниот пол, но и тие како и жените имаат чувства. Можеби ќе ве збуни целава статија, но од негов агол, ова е вистината.

Да жени, мажите се заљубуваат. Неверојатно нели? Да, мажите имаат срце, можат да се заљубат и да бидат повредени. Но зошто изневеруваат. Еве неколку факти кои ќе ве шокираат.

Доверба. Како жените, и мажите бараат партнерката да ги сака, почитува и да им верува. Кога жената постојано го обвинува партнерот за неверство, тоа е голем проблем со довербата и мажите го знаат тоа. Тие знаат дека нема да бидат среќни со личност со која ќе се караат секој пат кога ќе сакаат да се дружат со пријателите.

Несигурност. Мажите сакаат жени со став и самодоверба, кои знаат што сакаат и би направиле сѐ за него. Жена која нема да се грижи за секоја друга која ќе му се најде на патот, таква жена сакаат мажите. Доколку жената постојано се опседнува за други припаднички на понежниот пол, на тој начин го оддалечува патнерот од себе.

Пофалби и критики. И мажите сакаат пофалба кога ќе ја заслужат. Им го храни егото и самодовербата. Исто така, во врска мажите им даваат комплименти на жените, но тоа не значи дека не ги сакаат комплиментите упатени кон нив. Кога жената постојано се жали, и не е задоволна со ништо што ќе направи нејзиниот партнер, мажот тогаш се повлекува и сака што побрзо да замине.

Внимание. Не е тајна дека мажите го сакаат вниманието од своите партнерки. Ова е многу важно затоа што жените знаат да се изгубат постојаното барање вниманието да биде насочено кон нив, и едноставно забораваат на еднаквата потреба на партнерот. Доколку, мажот не го добива потребното внимание од партнерката, може да почне да размислува за неверство, но не само за тој да изневери туку дали таа го изневерува со друг.

Секс. Да, мажите мислат повеќе на секс од жените, тоа не е ништо ново. Да, мажите го сакаат сексот и сакаат да уживаат во него колку пати што можат. Сакате вашиот маж да биде среќен и да не ве изневерува? Тогаш имајте почесто секс, па единствениот проблем кој ќе го имате ќе биде да го тргнете од вас. Ако сексуалниот живот му го сведете на минимум, треба да знаете дека ќе ја искористи првата можност со некоја друга.